Опис
„Оваа книга е одлична. Сеопфатно обработува широка низа клучни аспекти на политиката и практиката на наставната програма во одделенската настава. Придонесот на признати експерти во нивните индивидуални полиња го прави да биде суштински придружник за наставници-приправници и новоквалифицирани наставници. Поискусните изведувачи и обучувачи што се заинтересирани да бидат во тек со развитоците во одделенската настава и учење и да ја унапредат сопствената практика, ќе ја сметаат непроценлива.“
Анџела Меклаклан, Универзитет на Манчестер, Обединето Кралство
„Изведување на одделенска настава е непроценлива книга за наставниците- почетници во одделенската настава. Ги покрива најважните теми и прашања и им помага на студентите да го рефлектираат и да го продлабочат своето учење“.
Хелена Гилеспи, Универзитетот на Источна Англија, Обединето Кралство
„Изведување на одделенска настава е корисна помош за сите наставници- приправници за да ги разберат сите аспекти на улогата и да ги постигнат стандардите за наставници. Ова разбирање е суштинско за да се стане одличен, флексибилен, ефективен и креативен наставник во одделенска настава“.
Карен Расел, Универзитетот „Св. Марко и св. Јован“ во Плимут, Обединето Кралство