Опис
Поголемиот дел од своето творештво, Бастос го пишува во егзил поради
угнетувачката политичка состојба во Парагвај, кога земјата се наоѓа меѓу најслабо развиените земји во Латинска Америка – и на политичко-економски, но и на културен план.
Поради тоа, повеќето од неговите важни дела се обид да се дофати трагичната суштина, внатрешната слабост, но и иманентната цврстина на жителите на оваа земја.
Тој верува дека улогата на писателот е директно учество во интерпретацијата на современите и историските настани.
Освен што е објективен „хроничар“, Бастос смета дека писателот треба и
морално да се вклучи во општествените проблеми што ги тематизира.
Најприсутен белег во делата на Роа Бастос е страдањето, што низ неговиот
раскажувачки опус, често се издигнува во димензиите на античката трагедија.
Во раните кратки наративи, тематскиот материјал е сочинет од парагвајскиот контекст на економска нестабилност и политичка репресија, особено изразена врз сиромашното население. Со авторската зрелост, следува промена и на фокусот на интерес, па при таа ферментација излегуваат подлабоки и полични емоции што се развиваат во макрокосмосот на историјата, а се детериторијализираат и во
микрокосмосот на поединецот.