Опис
По долг период на договарање, целите на макроеконом-
ската политика се тема на жестока расправа. Кејнзијан-
ското настојување дека ниското ниво на невработеност
е посакуваната и легитимната цел на макроекономската
политика е доведено во прашање од монетаристите што и
даваат поголема важност на ниската инфлација. „Макро-
економската политика“ ги испитува алтернативите на
еден јасен и нетехнички начин, давајќи посебен акцент на
поврзаноста на политичките цели и ставови за тоа како
функционира економијата. Аргументите ќе бидат од по-
себна важност бидејќи е очигледно дека историското ви-
соко ниво на невработеност сè уште постои.
Ален Марин е лектор по економика во Лондонското
училиште за економија.