Опис
Серијалот Хемија за основно образование на Арс Ламина – публикации целосно ја покрива адаптираната наставна програма по хемија за учениците во Република Македонија.
• Учебниците се одлично илустрирани, забавни и лесни за користење, полни со активности, игри и дискусии со цел учениците да бидат целосно ангажирани на сите нивоа.
• Програмата вклучува стимулативни и активни начини за стекнување на научно-истражувачките вештини, овозможувајќи активен пристап при изучувањето на хемијата.
• Експериментите и активностите ги охрабруваат учениците да го истражуваат светот на науката на практичен начин.
Ова издание на учебникот е адаптирано за учениците во Република Македонија во целосна согласност со адаптираната наставна програма по хемија, здружено развиена од Министерството за образование и наука на Република Македонија и Меѓународниот центар за испити на Кембриџ. Содржините во овој учебник се развиени и произлегуваат согласно општите и конкретните цели на оваа наставна програма.