Опис
„Полињата на честа“ е семејна хроника што ја истражува цврстината на роднинските врски во поизолираните провинции (во случајов, Долна Лоара), неповратно разлабавени во модерното француско општество.
Романот ги следи, низ очите на најмалите членови на едно семејство, ексцентричностите и маните на еден речиси класичен дедо, тетка, отсутен татко и мајка што останала вдовица.
Во овој роман, големите нешта изгледаат мали, малите – големи, очигледните – несфатени, неразбраните – важни; војните, пак, се само далечна необичност симболизирана од една прашлива кутија полна со стари писма, медали, дневник и други ситни воени реликвии.