Градењето мир како политика: одржување мир во кревки општества Политика Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: 10599 Категорија

Градењето мир како политика: одржување мир во кревки општества

990 ден

Време на достава: утре, 23.12.2024 по 16ч; Надвор од Скопје: од вторник, 24.12.2024 до среда, 25.12.2024 до 17ч

Категории: Политика

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

Оваа книга е, всушност, проект на меѓународната мировна академија. Уредена е од страна на Елизабет М.Кусенс, директор за истражување при меѓународната мировна академија и на Четан Кумар, програмски соработник во канцеларијата на специјалниот претставник на генералниот секретар на Обединетите нации за деца и за вооружени конфликти. Конкретно се разгледани успесите и неуспесите од меѓународните интервенции за градење мир во Ел Салвадор, Камбоџа, Хаити, Сомалија и во Босна и Херцеговина.
Уредниците ги расветлуваат деталите од уникатните услови во секоја од наведените земји и ограничувања за градење мир. Испитана е кохерентноста и квалитетот на меѓународната реакција. Анализирани се организациските принципи за одредување на најдобриот опсег, време и приоритет, кои треба да ги има една меѓународна акција. Како заклучок се препорачува акциите да бидат изработени и имплементирани преку политики за градење мир со доза на чувствителност и на одговорност, имајќи притоа на ум дека не се возможни совршени решенија. На крајот на краиштата, сите засегнати страни треба да признаат дека не постои гаранција дека политичкиот систем ќе може секогаш да се справи со тензиите што водат кон насилство или да биде доволно стабилен за да опстои без надворешна помош. На нас останува да ја прочитаме книгата и да дадеме свој придонес кон градењето на мирот.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
publishing@arslamina.com.

 

Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.