Градење на организациска меморија: дали ќе го знаеш она што го знаеше Економија Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: 10196 Категорија

Градење на организациска меморија: дали ќе го знаеш она што го знаеше

1,488 ден

Време на достава: утре, 23.12.2024 по 16ч; Надвор од Скопје: од вторник, 24.12.2024 до среда, 25.12.2024 до 17ч

Категории: Економија

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

Уредникот на оваа книга Џон П.Жерард е вонреден професор по менаџмент на државниот Универзитет „Мино“ во САД. Неговите истражувачки активности се насочени кон меѓусебната поврзаност на анксиозноста, организациското губење меморија и на современите теории за управување со знаењето. Добитник е на неколку награди и признанија во областа на управување со знаењето, медиумите, трансформациите и на иновациите.
Ова уникатно дело се фокусира на тоа што треба да прават сега лидерите (или наскоро) за да се обезбеди наредната генерација лидери да го знае она што тие го знаат сега. Пораката е јасна. Организациите мора да развијат стратегија за одржување на интелектуалниот капитал кој ги прави да бидат уникатни. Секако дека не може да се долови целото нивно непишано и експлицитно знаење, но можеби тоа и не е потребно. Доволно е организациските лидери да воспостават алатки и техники за одржување и за пренесување на знаењето кон идните генерации. Тоа се постигнува со организациска меморија која претставува корпус на минато, сегашно и идно знаење кое е потребно за постигнување на стратешките цели од организацијата. За нејзино истражување и проучување е потребно вклучување експерти од повеќе области како што се човечките ресурси, информациските системи, сметководство, финансии, маркетинг итн. Ова поле на организациска меморија забрзано прерасна во своевидна свест на корпорацискиот свет и тоа многу побргу отколку кој било друг феномен што го среќаваме во економијата.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
ekonomija@arslamina.com.

 

Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.