Генетски предиспозиции за заразни заболувања Медицина Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: 1069 Категорија

Генетски предиспозиции за заразни заболувања

2,338 ден

Пресметано време на достава: Скопје, утре по 16ч. Надвор од Скопје, од четврток, 05.12.2024 до петок, 06.12.2024 до 17ч

Категории: Медицина

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

Генерално, минатиот век е век на успех во борбата со заразните болести, но, сепак, сме сведоци на неколку „неуспеси“ како што се сидата, повторната појава на туберкулозата, сé уште присутната маларија. Целта на оваа книга е да се организира еден постојан извор на знаења за генетските варијации кај домаќинот на инфекцијата и за имунитетот, со што се поставува темел за идните истражувања. Покрај оваа примарна цел, книгата ја остварува и својата секундарна цел – обединување и надградба на работата на научниците, клиничарите и на сите останати професионалци што се запознаени со генетиката или со инфекциите.
Сето ова е постигнато благодарение на уредниците на ова издание: Ричард А.Кеслоу, професор по епидемиологија, медицина, микробиологија и по генетика при Универзитетот „Бирминган“ во Алабама, Џенет М.Мекникол, медицински научник и шеф на оддел при Лабораторијата
Hiv/STD во Тајландското министерство за здравство и Адријан В.С.Хил, истражувач во Центарот за човечка генетика при Универзитетот „Оксфорд“.
Книгата е поделена во три дела. Во првиот се опишани методите за собирање информации за генетските варијации кај луѓето и кај животните. Во вториот дел се обработени фамилиите на гени за кој се знае дека со нивни варијации може да дојде до прифаќање на заразното заболување, додека, пак, во третиот дел се разгледани главните заразни болести чии генетски варијации се поизразени
кај домаќинот. Со овие три поглавја се дава еден збирен преглед на научните откритија за период од половина век, преку серија приказни за вечната борба меѓу домаќинот и патогенот.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
medicina@arslamina.com.

 

Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.