Генетика на фитнес и физичка изведба Спорт Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: 12820 Категорија

Генетика на фитнес и физичка изведба

1,360 ден

Време на достава: денес, 23.12.2024 по 16ч; Надвор од Скопје: од утре, 24.12.2024 до среда, 25.12.2024 до 17ч

Категории: Спорт

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

„Генетика на фитнес и физичка изведба“ е првата детална референција за
влијанието што го имаат гените врз индивидуалните разлики во фитнесот и во
изведбата.
Оваа важна збирка ги прикажува доказите собирани веќе 25 години за
генетската основа на фенотиповите на фитнесот поврзани со здравјето и
изведбата. Фокусирајќи се на интересите на спортските научници, авторите даваат
увид во важноста на ова истражување речиси во секој аспект од испитувањето на
човечката физичка активност.
Книгата ја претставува биолошката основа на наследувањето и ги објаснува
концептите и методите на генетската епидемиолошка и молекуларна биологија
што се неопходни за да се сфати ова специјализирано поле. Обрнувајќи
внимание на брзите напредоци во молекуларната биологија и новите
парадигми на човечката генетика, оваа книга ви помага подобро да ги сфатите
артериосклерозата, неинсулинскиот зависен дијабетес, прекумерната телесна
тежина и хипертензијата од генетска гледна точка.
Авторите ги разгледуваат доказите за улогата што ја имаат гените во човечките
карактеристики, бидејќи спаѓаат во научното поле на вежбањето. Исто така ги
испитуваат научните, практичните и етичките прашања со кои се соочуваат
научниците за вежбање, тековно со напредокот што се обележува во ова поле.
„Генетика на фитнес и физичка изведба“ е многу важна за студенти од полето
на вежбањето и спортската наука со цел да сфатат како новите откритија во
генетиката можат да го обликуваат нивното натамошно истражување.
Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.