Бхагавад-гита Ѕвезди на светската книжевност Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: 12955 Категорија Ознака:

Бхагавад-гита

128 ден

Време на достава: утре, 23.12.2024 по 16ч; Надвор од Скопје: од вторник, 24.12.2024 до среда, 25.12.2024 до 17ч

Категории: Ѕвезди на светската книжевност

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

„Бхагавад-гита“ е составен дел од „Махабхарата“, пообемниот од двата прочуени санскритски епа. Составена од 700 стихови распределени во 18 поглавја, таа е едно од оние дела со непроценлива важност и со немерливо влијание – не само врз интелектуалниот, етичкиот и религискиот живот на жителите на индискиот потконтинент.
Врамена во приказната раскажана од далековидиот Сањџаја, советник на слепиот крал Дхритараштра, „Бхагавад-гита“ е всушност обемен дијалог меѓу соперничкиот принц Арџуна и неговиот кочијаш, инкарнација на Кришна, што ги проследува дилемите кај првиот околу праведноста да учествува во битка против свои роднини и пријатели. Драмската рамка му овозможува на пејачот низ стиховите од „Бхагавад-гита“ да обработи доволно широк спектар на теми и прашања за неретко делото да се опишува со изрази како „Махабхарата во мало“ или „философската суштина на големиот еп“.
Меѓу истакнатите почитувачи на „Бхагавад-гита“ спаѓаат философи од рангот на Шопенхауер, книжевници со реномето на Херман Хесе и Олдоус Хаксли, мислители како Карл Јунг и американските трансценденталисти Ралф Волдо Емерсон и Хенри Дејвид Торо, но и научници со статусот на Алберт Ајнштајн и Џ. Роберт Опенхајмер. Сето ова говори за универзалноста и непристрасноста на нејзината порака: таа е наменета за духовните трагачи од сите нации, класи, религиски и философски милјеа.
Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.