Фузирање меѓу меѓународното јавно и приватно право Право Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: 668 Категорија

Фузирање меѓу меѓународното јавно и приватно право

1,437 ден

Време на достава: утре, 23.12.2024 по 16ч; Надвор од Скопје: од вторник, 24.12.2024 до среда, 25.12.2024 до 17ч

Категории: Право

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

Во оваа книга станува збор за минатите, сегашните и за идните релации меѓу меѓународното јавно и приватно право. Обично се прави остра разлика меѓу овие две права и се смета дека се посебни дисциплини чии интелектуални текови течат паралелно.
Авторот Алекс Милс (професор по право на Правниот факултет при Универзитетот во Лондон) се обидува да го анализира поврзувањето меѓу теориите на меѓународното јавно право и приватното. Аргументирано се преминуваат традиционалните дисциплинарни граници, со тоа што на меѓународното приватно право не се гледа како на серија од одделни национални прописи, туку како на единствен меѓународен систем што функционира преку националните судови. Со ова редефинирање се отвора можноста меѓународното приватно право да се здобие не само со поголема внатрешна кохерентност туку и со поголема доследност во поглед на меѓународните норми. Понатаму, авторот развива идеи за меѓународен конституционализам со кој би можеле да го разбереме полесно значењето на глобалниот поредок. При своите анализи, авторот најмногу се користи со правните поредоци во САД, Канада, Австралија и во ЕУ.
Низ целиот текст се провлекува фактот дека разминувањето меѓу меѓународното јавно право и приватно право отсекогаш било поголемо во теоријата отколку во практиката, особено откако меѓународното јавно право (повторно) се проширило и во себе ги вклучило приватните релации.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
publishing@arslamina.com.

 

Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.