Философија на религијата: вовед Философија Kiwi.mk
Share:
Deal
Категорија

Философија на религијата: вовед

990 ден

Време на достава: денес, 23.12.2024 по 16ч; Надвор од Скопје: од утре, 24.12.2024 до среда, 25.12.2024 до 17ч

Категории: Философија

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

Вилијам Л.Роу е професор по философија, специјализиран за темата религија, при Универзитетот „Пердју“. Тој е препознатлив по неговата формулација за докажаните аргументи на злото. Во оваа книга е направен обид да се опфатат поголемиот број теми што, генерално, се предмет на анализа од страна на философите на религијата.
Во првиот, од четирите сегменти на кои е поделена книгата, се зборува за концепцијата на божеството и на теистичката идеја за Бог. Во вториот се анализираат главните аргументи што се понудени како поткрепа на верувањето дека постои теистичкиот Бог. Овие аргументи се општо познати и се достапни за секого, без разлика дали е религиозна личност. Покрај аргументите, се анализираат религиозното и мистичното искуство како извор и како оправдување за теистичкото верување. Понатаму, се анализира улогата што ја има верата при оформувањето и при оправдувањето на религиското верување. Во анализите се провлекува битното прашање за тоа дали верувањето во Бог може да биде целосно рационално и сосема одделено од какви било докази во негова полза.
Во третиот сегмент се зборува за проблемот на злото што, според некои тврдења, нуди рационална основа за атеизмот т.е. верувањето дека не постои теистичкиот Бог. Во четвртиот, последен сегмет, се опфатени неколку теми што се од особено значење за теистичката религија. Меѓу нив спаѓаат чудата, прашањето за животот после смртта, проблемите што се јавуваат при поврзувањето на идејата за боженственото со верувањето во човековата слобода и проблемите што произлегуваат од постоењето на различните религии.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
publishing@arslamina.com.

 

Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.