Фајронт во сараево Биографии / лидери Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: 13041 Категорија

Фајронт во сараево

298 ден

⛱️ Колективен годишен одмор

Нарачките направени сега ќе бидат испорачани на 8ми ноември 2025 година

Категории: Биографии / лидери

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

Фајронт во Сараево раскажува приказна што почнува во една кафеана во Младеновац и, патувајќи кон Првото коронарно одделение на Ургентниот центар во Белград, суптилно се пренесува четириесетина години наназад, во предвоено Сараево, каде што границите на универзумот не ги надминуваат границите на Кошево, а носител на успехот и смислата на животот е фудбалскиот клуб „Жељо“.

Д-р Неле Карајлиќ, ѕвездата на „Забрането пушење“ и на „Топ-листа на надреалистите“, се открива како еден од најскапоцените инсајдери на митските југословенски приказни. Тој патува во спомените испреплетени со сегашноста и пред читателите се открива како сонувач, жртва, визионер и вечен извор на идеи. Влијанието на „Забрането пушење“ во тогашниот југословенски и постјугословенски контекст е огромно и во оваа приказна добиваме една поинаква перспектива на историјата на рокенролот.

Пред нас се простира топла, емотивна и неодолива приказна за едно детско растење, созревање и стареење во земја натопена со крв, болка и нетрпеливост. На искрен, емотивен и духовит начин, оваа книга зборува за тоа како почна и како заврши сè.

Palm Tree
Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.