Опис
Иритираната сува кожа пратена со јадеж (склона кон атопија) може да предизвика силно чешање. Затоа таквата кожа има потреба од соодветна смирувачка нега.
Иновативната формула на Eucerin® AtopiControl Спрејот за смирување на јадеж содржи уникатен комплекс од состојки MPD (Ментоксипропандиол), SymSitive* и полидоканол, коишто докажано делуваат ефикасно. Производот:
– го смири јадежот на кожата во првите 60 секунди, со долготрајно дејство до 6 часа**
– освежува, лади и брзо ја смирува кожата
– брзо се впива: не е леплив, не е масен, не ја валка облеката
Многу добра ефикасност и подносливост дури и од кожа со заболувања, како на пр. атопичен дерматитис, псоријаза, ксероза и диабетес. Погоден за третман на локален јадеж. Погоден за деца над 3 години.
* = регистрирана трговска марка на Symrise, Германија
** BDF клиничка студија во времетраење од 2 седмици, на 32 испитаници со атопичен дерматитис
Нанесете на засегнатите зони од 15-20 см оддалеченост, толку често колку што е неопходно.
Не прскајте директно кон лицето, избегнувајте вдишување и контакт со очите. Ако дојде во контакт со очите, внимателно исплакнете со вода.
Не нанесувајте на рани или на отворени лезии.
Внимание: Боца под притисок, може да експлодира при загревање. Држете ја подалеку од топлина, жешки површини, искри, директен пламен и други извори на оган. Не пушете. Не го оштетувајте и не го горете дури и после употреба. Чувајте го далеку од сончева светлина. Не го изложувајте на температури над 50°С. Чувајте го подалеку од дофат на деца. 7% од масата на содржината во боцата е запалива.
Aqua, Alcohol Denat., Laureth-9, 4-t-Butylcyclohexanol (Trans-Isomer), Menthoxypropanediol,Glycerin, 1,2-Hexanediol, Ethylhexylglycerin, Pentylene Glycol, Sodium Citrate, Citric Acid, Trisodium EDTA, Piroctone Olamine
EUCERIN колекции