Eucerin aquaporin active крем за околу очи, 15 мл Хидратација & Заштита Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: KEU41 Категорија Ознака: Brand:

Eucerin aquaporin active крем за околу очи, 15 мл

Eucerin AQUAporin ACTIVE Регенеративниот крем за околу очи е иновативен хидратантен крем, којшто го зајакнува сопствениот хидратантен систем на кожата, а неа ја прави мека, мазна и сјајна. Освен тоа, ја намалува подуеноста и темните кругови под очите.

ден

Нема на залиха

Категории: Хидратација & Заштита

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

Eucerin AQUAporin ACTIVE Регенеративниот крем за околу очи е иновативен хидратантен крем, којшто го зајакнува сопствениот хидратантен систем на кожата, а неа ја прави мека, мазна и сјајна. Освен тоа, ја намалува подуеноста и темните кругови под очите.

Кожата има потреба од вода за добро да функционира. Добро хидрираната кожа е мазна, нежна и со убав сјај. Кога ќе се наруши природната заштитна бариера на кожата, таа ја губи влажноста и станува дехидрирана. Дехидрираната кожа нема сјај, затегната е и не може да се спротивстави на надворешните иританси. Како резултат на тоа станува чувствителна.
Кожата околу очите е многу тенка и кога е дехидрирана и чувствителна покажува знаци на стрес и умор, како подуеност и темни кругови. Има потреба од интензивна и долготрајна хидратација за да изгледа и да се чувствува одлично.

Повеќето хидратантни производи ја подобруваат хидратацијата на кожата, со тоа што го ограничуваат испарувањето на водата од неа и/или ја задржуваат влагата во горните слоеви со хумектанти како глицерин. Кожата има свој сопствен хидратантен систем – аквапорините. Тие пренесуваат вода меѓу клетките на кожата и ја поддржуваат хидратацијата одвнатре. Eucerin AQUAporin ACTIVE ја зголемува природната сила на аквапорините. Формулата содржи глуко-глицерол, исклучителна хидратантна состојка којашто докажано го зголемува бројот на аквапоринските канали во кожата. Тоа значи дека покрај ограничувањето на испарувањето и задржувањето на вода во надворешните слоеви на кожата, Eucerin AQUAporin ACTIVE го зајакнува и сопствениот хидратантен систем на кожата. Дополнително, Eucerin AQUAporin ACTIVE Регенеративниот крем за околу очи содржи и женшен и има метален апликатор, со цел подобар третман на подуеноста и темните кругови околу очите.

Eucerin AQUAporin Регенеративниот крем за околу очи овозможува интензивна 24-часовна хидратација за свеж изглед. Тој се справува со подуеноста, се бори со појавувањето на темните кругови и ги намалува фините брчки. Клиничките и дерматолошките иследувања ја докажаа компатибилноста на Eucerin AQUAporin ACTIVE Кремот со SPF 25 со чувствителната кожа и не содржи мирис и парабени. Исто така е и офталмолошки тестиран и погоден за луѓе кои користат контактни леќи.

Нанесете наутро и навечер со лесни движења со оладувачкиот апликатор, на деликатната зона околу очите. За дополнителен освежувачки ефект можете да го чувате во ладилник пред употреба.

Aqua, Glycerin, Glyceryl Glucoside, Dicaprylyl Carbonate, Butylene Glycol, Caprylic/Capric Triglyceride, Hydrogenated Coco-Glycerides, Panthenol, Distarch Phosphate, Polyglyceryl-3 Methylglucose Distearate, Glycyrrhiza Inflata Root Extract, Panax Ginseng Extract, Acrylates/C10-30 Alkyl Acrylate Crosspolymer, Sodium Carbomer, Glucose, PEG-40 Hydrogenated Castor Oil, Trideceth-9, 1,2-Hexanediol, Caprylyl Glycol, Propylene Glycol, Phenoxyethanol

EUCERIN колекции

Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.