Опис
Eucerin AQUAporin ACTIVE Кремот за сува кожа е освежувачки хидратантен крем за лице, којшто го зајакнува сопствениот хидратантен систем на кожата и ја прави кожата мека, мазна и сјајна.
Кожата има потреба од вода за добро да функционира. Добро хидрираната кожа е мазна, нежна и со убав сјај. Кога ќе се наруши природната заштитна бариера на кожата, таа ја губи влажноста и станува дехидрирана. Дехидрираната кожа нема сјај, затегната е и не може да се спротивстави на надворешните иританси. Како резултат на тоа станува чувствителна. Неопходна е интензивна и долготрајна хидратација, за да може да изгледа и да се чувствува одлично.
Повеќето хидратантни производи ја подобруваат хидратацијата на кожата, со тоа што го ограничуваат испарувањето на водата од неа и/или ја задржуваат влагата во горните слоеви со хумектанти како глицерин. Кожата има свој сопствен хидратантен систем – аквапорините. Тие пренесуваат вода меѓу клетките на кожата и ја поддржуваат хидратацијата одвнатре. Eucerin AQUAporin ACTIVE ја зголемува природната сила на аквапорините. Формулата содржи глуко-глицерол, исклучителна хидратантна состојка којашто докажано го зголемува бројот на аквапоринските канали во кожата. Тоа значи дека покрај ограничувањето на испарувањето и задржувањето на вода во надворешните слоеви на кожата, Eucerin AQUAporin ACTIVE го зајакнува и сопствениот хидратантен систем на кожата.
Кадифената текстура на Eucerin AQUAporin ACTIVE кремот за сува кожа обезбедува интензивна 24-часовна хидратација и брзо се впива во кожата. Го смирува чувството на затегнатост и ја прави кожата мазна и мека. Клиничките и дерматолошките иследувања ја докажаа компатибилноста на Eucerin AQUAporin ACTIVE Кремот за нега на сува кожа со чувствителната кожа, кој не содржи мирис и парабени.
Нанесете од кремот наутро и навечер, со нежни масажни движења на лицето, вратот и деколтето. Избегнувајте контакт со очите.
Aqua, Glycerin, Glyceryl Glucoside, Simmondsia Chinensis Seed Oil, Hydrogenated Coco-Glycerides, Caprylic/Capric Triglyceride, Isopropyl Palmitate, Synthetic Beeswax, Glyceryl Stearate Citrate, Distarch Phosphate, Octyldodecanol, Pentylene Glycol, Panthenol, Cetyl Alcohol, Stearyl Alcohol, Sodium Hyaluronate, Биотин (Vitamin B7), Glycine, Alanine, Carbomer, Tocopheryl Acetate, Dimethicone, Caprylyl Glycol, Phenoxyethanol
EUCERIN колекции