Есеи (избор) Ѕвезди на светската книжевност Kiwi.mk
Share:
Deal

Есеи (избор)

255 ден

Нарачај до 10ч, испорака до врата истиот ден. * вон Скопје + 1 ден

Категории: Ѕвезди на светската книжевност

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

Задлабочен во својата осаменост и изолираност, далеку од судот на критиката и од публиката, настрана од окото на светската книжевно-философска јавност, унгарскиот есеист Бела Хамваш ќе стане еден од најтипичните дисиденти на комунизмот и, како што вели еден негов биограф, ќе биде „најмаркантен современик на денешната апокалипса“.
Животното дело на Бела Хамваш – што дури сега почнува се публикува и да се преведува на други јазици – е видливо поделено на три големи типолошко-хронолошки целини: хиперионска фаза во знак на античкиот грчки идеал, фаза во која се истражува наследството на духот на првобитното човештво и пророчка фаза што го носи името на островот Патмос, каде што, според легендата, свети Јован го пишува Откровението, последната книга од Новиот завет. Низ сите три фази, Хамваш се нурнува во потрага по тајните врски меѓу големите духови и дела од разните епохи, вдахновено осмислувајќи го и подвигот наречен човеков живот.
Понижуван, деградиран, тормозен, телесно осакатен, но духовно секогаш ведар, како некој од оние тибетски свештеници кои ги воспева во еден од своите најубави есеи („Миларепа“), повлечено и безропотно, Бела Хамваш умира во 1968 година, токму кога во централна и во западна Европа, преку бурните студентски манифестации, првпат се обединува новиот дух, што е и една од неговите фундаментални есеистички идеи и желби.
Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.