Опис
Венијамин Александрович Зилбер – Каверин (1902–1989) ќе остане забележан како еден од најплодните, но и најпреведуваните автори од советската епоха. „Епилог“ е единствената негова постхумно објавена книга, своевидна енциклопедија на советската епоха, „длабоко лична книга за опачината на [советската] литература, за деформациите на талентот, за компромисот со власта, за стремежот да се покаже отпор кон тој компромис“.