Опис
Деветтото издание на Електрични кола претставува планирана реви-
зија дизајнирана за зголемено подобрување на оваа воведна книга за кола
која се употребува од повеќе од 700000 студенти низ цел свет во изминати-
те 28 години. Иако оваа книга еволуираше низ годините за да го задоволи
изменетиот начин на учење на студентите, основните цели на книгата останаа неизменети. Тие цели се:
• Да изградиме разбирање на концептите и идеите експлицитно пре-
ку претходно наученото. Студентите се цело време предизвикани
од потребата да поставуваат нови концепти врз претходните со кои
можеби сè уште се борат. Во оваа книга се фокусираме на тоа да им
помогнеме на студентите да разберат како новите концепти се повр-
зани и како се потпираат на претходно претставените концепти.
• Да го потенцираме односот помеѓу концепциското сфаќање и прис-
тапите за решавање на проблемите. Развојот на вештините за ре-
шавање проблем продолжува да претставува централен предизвик
во курсот за кола од прва година. Во оваа книга вклучуваме бројни
примери кои претставуваат техники за решавање проблеми, просле-
дени со оценувани прашања кои им овозможуваат на студентите да
го проверат нивното владеење со воведениот материјал и техники-
те. Процесот за решавање проблеми кој го прикажуваме е заснован
на концепти, а не на употреба на механички процедури. Така ги ох-
рабруваме студентите да размислуваат за проблемот пред да се оби-
дат да го решат.
• Да им обезбедиме на студентите јака основа за инженерската прак-
са. Во курсот за кола од прва година има ограничени можности
за запознавање на студентите со реалните инженерски искуства.