Опис
Во оваа книга се разгледува структурата и организацијата на земјоделскиот сектор, како и основните микроекономски и макроекономски принципи што важат во земјоделството. Економските принципи се користат како средство преку кое му се демонстрира на читателот теоријата и ја прави истата поразбирлива кога ќе се примени во практика. Авторите ги презентираат основните економски концепти што се применуваат во земјоделството на јасен и на разбирлив начин.
Гејл Л.Крејмер е професор на Катедрата за економика во земјоделството и за агробизнис при Универзитетот во Арканзас. Тој е еден од основачите на меѓународното здружение за агробизнис-менаџмент, основано во 1990 година.
Кларенс В.Јенсен е професор на Катедрата за економика во земјоделството и за економија при државниот Универзитет во Монтана. Има работено во повеќе постдипломски комитети како претседател или како член.
Даглас Д.Саутгејт помладиот е професор по економика на земјоделстото на државниот Универзитет во Охајо. Има раководено со Центарот за меѓународни студии и со Програмата за јужноамерикански студии при истиот Универзитет.
Стручните зборови и термини во текстот многу лесно се пропознаваат поради нивната закосеност и задебеленост. На крајот од секое поглавје тие зборови и термини се повторно наведени за да се потенцира нивната важност. Поглавјата последователно ги обработуваат следниве теми: земјоделски и прехранбен систем во САД, однесување на потрошувачите и побарувачка, одлуки што ги донесува производителот, производствени трошоци, понуда и одредување на цената, пазар и конкуренција, макроекономија, финансиската состојба во земјоделството, маркетинг на земјоделски производи, природни ресурси, рурален развој, меѓународна економија, улогата на земјоделството во економскиот развој, глобална понуда и побарувачка на храна.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на publishing@arslamina.com.