Економија на несовршениот свет: есеи во чест на џозеф е.штиглиц Економија Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: 11092 Категорија

Економија на несовршениот свет: есеи во чест на џозеф е.штиглиц

2,450 ден

Време на достава: утре, 23.12.2024 по 16ч; Надвор од Скопје: од вторник, 24.12.2024 до среда, 25.12.2024 до 17ч

Категории: Економија

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

Уредниците на ова издание, Ричард Арно, професор по економија на Бостонскиот колеџ, Брус Гринвалд, професор по финансии и по управување со актива на Катедрата за финансии и економија при Факултетот за бизнис на Универзитетот Колумбија, Рави Канбур, професор по светска економија на Универзитетот Корнел и Бери Нејлбаф, професор по менаџмент на Факултетот за менаџмент при Универзитетот Јејл, му ги посветија овие есеи на Џо Стиглиц во чест на неговиот 60. роденден. Инаку, Џозеф Е.Стиглиц е добитник на Нобеловата награда за економија во 2001 година, како признание за неговите пионерски истражувања во областа на несовршените информации во економијата.
Со својата големина и обем оваа значајна книга претставува соодветно признание за извонредната кариера на Џо. Со својот впечатлив квалитет и длабочина, како и со впечатливата листа на автори, таа претставува своевиден празник за економските теоретичари. Во првиот дел од книгата се разработува темата за несовршените информации, а во вториот за макроекономијата, јавната економија и за равојот. На прв поглед станува чудно дека има потреба од развој на нова економија на несовршениот свет. Дури и користењето на терминот „несовршеност“ стои во контрадикција со најчесто користениот термин „совршеност“, кој се анализира во нашите учебници – совршена информација, совршена конкуренција, итн. Ова било вистина пред 45 години кога Стиглиц го започнувал своето економско образование. За жал, тоа е с
è уште случај со многу учебници, иако сè почесто се појавуваат исклучоци. Тоа е поради фактот, зад кој Џо цврсто стои, дека во политиката анализираат и даваат совети користејќи се со совршените информации од тие учебници, наместо да ги црпат од реалниот несовршен свет во кој живееме.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
ekonomija@arslamina.com.

 

Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.