Економија на европската интеграција Економија Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: 10197 Категорија

Економија на европската интеграција

1,692 ден

Време на достава: утре, 23.12.2024 по 16ч; Надвор од Скопје: од вторник, 24.12.2024 до среда, 25.12.2024 до 17ч

Категории: Економија

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

Оваа книга содржи ажурирана обработка на настаните во Европската унија по приклучувањето на новите членки, земајќи го предвид и Лисабонскиот договор. Во неа има поглавја за земјоделската политика, меѓународната трговија и за регионалните политики, детална економска анализа на интегративните процеси, голем број графикони и дијаграми за поголема разбирливост и јасна презентација, голем број примери, илустрации и насоки за дополнителна литература.
Ричард Балдвин
и Чарлс Виплоц се професори на Институтот за меѓународна економија при Универзитетот во Женева. Двајцата се водечки економисти и уредници на голем број престижни економски списанија. Тие во ова свое дело ги комбинираат суштинските елементи на европската историја, институциите, правото, политиката и движењата со јасни и разбирливи објаснувања на економските принципи што важат во европските интегративни процеси. Книгава е своевидна експертска анализа за фактите, теориите и за контроверзите што се случуваат во срцето на ЕУ.
Овие интегративни процеси треба да се знаат и да се проучуваат. Тие се исклучително важни за 500 милиони Европејци, но подеднакво се важни и за останатите делови од светот, бидејќи Европа води една четвртина од светската економија, половина од трговијата и една третина од светскиот пазар на капитал. Пред да станеме дел од европското семејство, треба да знаеме повеќе за тоа каде одиме. Оваа книга е одличен извор на информации во поглед на економијата.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
ekonomija@arslamina.com.

 

Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.