Ефективна настава: истражувања и практика Педагогија Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: 13103 Категорија

Ефективна настава: истражувања и практика

680 ден

Време на достава: утре, 24.12.2024 по 16ч; Надвор од Скопје: од среда, 25.12.2024 до четврток, 26.12.2024 до 17ч

Категории: Педагогија

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

„Книгите наменети за образование секогаш се добредојдени. Во книгата е даден значаен преглед на истражувања од областа на образованието што можат да ни кажат многу за практичните подробности во училницата.“

Џеф Бартон, прилог за образование „Тајмс“, списание „Фрајдеј“

 

Во книгата се вметнати најновите истражувања за ефективното подучување и учење. Таа е соодветна за основно и за средно образование, а продолжува да претставува извор на широк и разбирлив преглед на големата област на знаења за ефективната настава.

Авторите имаат разбирлив стил на изразување, близок на читателот и структура што ги опфаќа генеричките наставни вештини; подучување за одредена цел; наставни стратегии за специфичен наставен предмет и други прашања поврзани со средината за учење. Секое поглавје е фокусирано на определени цели на учењето. Тука се вклучени:

          најнови резултати од истражувањата

          поголема културна широчина со вклучување на меѓународни истражувања

          разновидност во средината за учење

          верувања, вредности и однесување

          „оценување на знаењата“ и „индивидуализирано учење“

          крос-курикуларно подучување.

Исто така, на крајот на секое поглавје следуваат прашања и исцрпна листа на референции со цел да се охрабрат читателите да станат рефлективни практичари.

Оваа книга е основна литература за студентите од педагогија, студентите од педагошките и од наставничките факултети, на додипломски и на постдипломски студии, како и за педагозите, наставниците и истражувачите од оваа област.

Даниел Маус е професор по педагогија на Универзитетот на Саутхамптон.

Дејвид Рејнолдс е професор по педагогија на Универзитетот на Плимут.

Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.