Драми Ѕвезди на светската книжевност Kiwi.mk
Share:
Deal

Драми

255 ден

Време на достава: утре, 11.01.2025 по 16ч; Надвор од Скопје: од понеделник, 13.01.2025 до вторник, 14.01.2025 до 17ч

Категории: Ѕвезди на светската книжевност

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

За сосема малку автори во историјата на книжевноста може со еднаков пиетет да зборуваат и раскажувачите и драматурзите; оттука, подвигот на Антон Павлович Чехов да биде – во повеќе од еден наврат и меѓу неколку автори чиишто имиња исто така се спомнуваат со сличен пиетет – сметан за најдобар и во едната и во другата област на книжевна креација, се чини исклучителен и неповторлив.
Доктор по професија, Чехов почнува да пишува кратки хумористични вињети повеќе од потреба отколку од желба сè додека не биде препознаена врвноста на неговиот талент – чијашто константност се чини уште пофасцинантна низ окуларот на Чеховата пролифичност. И иако паралелно пишува и пиеси и драми, она што му го овозможува статусот на великан во историјата на театарот се четирите ремек-дела собрани во оваа книга, напишани последователно во последните осум години од неговиот живот: „Галеб“ (1896), „Вујко Вања“ (1897), „Три сестри“ (1901) и „Вишновата градина“ (1904). Возобновата на првонаведената во Московскиот уметнички театар во 1898 година под диригентската палка на Константин Станиславски (и Владимир Немирович) со право се смета за „еден од најголемите настани во историјата на рускиот театар и една од најбитните пресвртни точки во историјата на светската драма“.
Лишени од клучниот елемент на старата драма – дејство – но прегнантни од разорната моќ на потиснатото во стилски дисциплинираните тиради, четирите врвни остварувања на Чехов се сведоштво за тажната историја на руската интелигенција, за трагедијата на осаменоста, изолираноста и бесперспективноста на животот во руската провинција на преминот од XIX во XX век, архивар на миговите „кога човекот станува играчка во рацете на судбината, но и покрај тоа се стреми да се самоосознае во рамките на Вечноста и Времето“.
Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.