Доживувањата на добриот војник швејк, том 2 Ѕвезди на светската книжевност Kiwi.mk
Share:
Deal

Доживувањата на добриот војник швејк, том 2

350 ден

Нарачај до 10ч, испорака до врата истиот ден. * вон Скопје + 1 ден

Категории: Ѕвезди на светската книжевност

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

Безмалку персонификација на типичниот Чех, „Добриот војник Швејк“ е краткиот наслов и главниот лик во незавршениот капитален црнохуморен и сатиричен роман на Јарослав Хашек, кој благодарение на сопствената некомпетентност (иако е нејасно дали е фактичка или хамлетовска), успева непрестајно да го осуетува авторитетот на целата австро-унгарска воена машинерија, попатно дофрлајќи и по некоја шега на сметка на корумпираните католички свештеници. 
Најпреведувано дело кога и да е напишано на чешки јазик, „Доживувањата на добриот војник Швејк“ е еден од врвовите на долгиот низ на субверзивни комични романи со политичко-општествени импликации и со длабоки корени во европската книжевна традиција. Токму мешавината на дигресии, хумор и анегдоти со реалните проблеми и ужаси на војната, го прави „Швејк“ и едно од најчитаните дела со тематика од Првата светска војна, а можеби и првиот голем антивоен роман во светски рамки.
Изворно замислен како шесттомно издание, „Швејк“ ќе биде само двотретински завршен кога срцев удар ќе го спречи Хашек да го доврши своето ремек-дело. Вториот том од ова издание ги содржи втората, третата и четвртата (недовршена) Хашекова книга, сите првично издадени меѓу 1922 и 1923 година.
Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.