Опис
Сместени во руралните предели на Алабама на почетокот од 19 век, седум генерации на семејството Хауланд се столбови на заедницата што ја создаваат на Југот. Необична традиционална семејна приказна ù се пренесува на ќерката Абигејл, но не целосно. Кога на виделина излегуваат шокирачки факти за нејзиниот дедо Вилијам и за неговата љубовна врска со Маргарет Кармајкл, домаќинка црнкиња, заедницата се вџасува и се собира својот бес да го истури врз Абигејл. Сама во куќата на Хауландови, таа во себе има амбивалентно чувство – од една страна е потресена поради своите кои ја предадоа, а од друга страна е поттикната да го уништи градот што се дигна против неа и против нејзиното семејство.