Достигнувања во минералогијата при висок притисок Стручна литература Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: 12890 Категорија

Достигнувања во минералогијата при висок притисок

680 ден

Време на достава: утре, 23.12.2024 по 16ч; Надвор од Скопје: од вторник, 24.12.2024 до среда, 25.12.2024 до 17ч

Категории: Стручна литература

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

Најновите истражувања во полето на минералогијата при висок притисок се извонредни. Како што може да се види од темите кои се опфатени во ова издание, неколку нови техники комбинирани со интензивни Х-зраци од синхротоно зрачење се претставени во оваа област. Со применување на овие техники, беа направени и неколку нови истражувања, како постперовскитната фаза и спин транзицијата во фазите во долната обвивка на притисок над 100 Gpa.
Оваа книга овозможува широк поглед на техничките достигнувања во
физиката на минералите при висок притисок и неодамнешните нови резултати кои го сменија нашиот поглед на длабоката внатрешност на Земјата.
Оваа книга потекнува од генералниот симпозиум Г-12 на 19-тиот Меѓународен геолошки конгрес вo Фиренца, Италија, во 2004 година. Симпозиумот за минералогија при висок притисок беше голем успех, со презентирање на многу авторски трудови. Иако симпозиумот беше концентриран на презентирањето нови
резултати поврзани со минералната физика, ова издание има за цел да даде широк преглед на моменталната состојба на минералогијата при висок притисок, базирано врз презентациите направени на овој симпозиум.
Исто така, поканивме луѓе кои активно се занимаваат со спроведување спектроскопија со Х- зраци при висок притисок и генерација на ултрависок притисок за истражување на долната обвивка и јадрото.
Тринаесет трудови во оваа книга, од неколку разни области од минералогијата при висок притисок, ќе бидат од интерес за читателите од различни области поврзани со науката за Земјата.
Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.