Опис
Во оваа книга, Винклер пишува за обредот на кремирање и погребување на мртовците во индискиот град Варанаси и за животот на локалното население.
Преку детални, промислени и монотони записи засновани на она што го забележува нараторот, а кое се преплетува со сеќавањата и со сонишните визии од детството во корушкото село, Винклер создава слика за Индија како земја каде што се соединуваат светото и профаното.
Овие дигресии на нараторот и интроспективното проникнување во своето минато, ја нагласуваат различноста на двете култури и ја опишуваат ситуацијата на поединецот кој бега од стереотипите на околината од која доаѓа.