Опис
Иако не премногу познат вон неговиот роден Бразил, Жоао Роса е автор на книга што немал број критичари ја сметаат за јужноамерикански „Улис“ според дискурзивните вештини на раскажувањето, а во содржинска смисла, според објективното претендирање на поединецот да стекнува знаење и да се преиспитува себеси под закрила на договорот со ѓаволот, со Гетовиот „Фауст“. Актуализирајќи ја митската иницијација низ беспрекорен стил, „Големата пустелија: траги“ е несомнено едно од големите ремек-дела на XX век.