Опис
Дали Дневникот на Бриџит Џонс е сензационална урбана сатира за модерните меѓучовечки односи?
Ироничен осврт за пропаѓањето на едно традиционално семејство?
Или, пак, едноставно конфузни чкртаници на една изнервирана триесет и нештогодишна девојка?
„Брилијантен потсетник за животот кога сте биле млада и немажена девојка во еден период од животот… Секоја жена која имала љубовни врски, работа и, секако, мајка, ќе ја чита оваа книга со громогласно смеење“ – Тајмс
„Не можам да препорачам повесела книга од оваа… Премногу смешна, со чудесни опсервации, бескрајно ќе ве допре…“
– Дејли телеграф
„Комедија до срцевина… Зачинета со немилосрдна, надмена духовитост… Прекрасно смешна книга“ – Сандеј тајмс