Дистрибуирани системи: принципи и парадигми Информатика Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: 222 Категорија

Дистрибуирани системи: принципи и парадигми

2,542 ден

Време на достава: утре, 23.12.2024 по 16ч; Надвор од Скопје: од вторник, 24.12.2024 до среда, 25.12.2024 до 17ч

Категории: Информатика

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

Книгата е поделена на два дела: од поглавје 2 до поглавје 9 се обработени принципите на дистрибуираните системи, додека развивањето на нивните апликации (парадигмите) се обработува од поглавје 10 до поглавје 13. За целосно објаснување на потребата од дистрибуирани системи се извлечени многу нови примери од практиката, со што дополнително се зголемува интересот за овие системи. Во ова второ издание има многу новитети меѓу кои:

       сосема ново поглавје за архитектурите кај дистрибуираните системи кое покрива системска и софтверска архитектура, како и самоуправувачки системи

       поголема покриеност на партнерските системи со основните техники и нивните примени

          нов материјал за грид-пресметување и за веб-сервиси

          нов материјал за виртуелизацијата и нејзината улога кај овие системи

          материјали за базирани системи GPS

          проширување на поглавјата за парадигмите

Авторот Ендру С. Таненбаум е професор по компјутерски науки на Универзитетот „Врије“ – Холандија и научен директор на Данскиот факултет ASCI. Член е на IEEE и на ACM. Добитник е на наградата ACM „Карл В. Карстром“ за исклучителен едукатор. Сето ова е доволен доказ за квалитетот на оваа книга во која внимателно се разработени сите принципи и парадигми за дистрибуираните системи.
Мартин вен Стин
е професор по оперативни системи, компјутерски мрежи и дистрибуирани системи на Универзитетот „Врије“ – Холандија. Воедно, тој е предавач на курсеви за компјутерски системи наменети за професионалци од информатичката индустрија и од владините организации.
Само затоа што е можно, не мора да значи дека создавањето дистрибуирани системи е добра идеја. За сето тоа да стане корисно треба претходно да бидат исполнети одредени предуслови за кои дискутираат авторите во ова дело. Ако сакате да изградите корисен дистрибуиран систем, земете ја оваа книга во рака и отпочнете со градбата на системот!
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
publishing@arslamina.com.

 

Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.