Динамика и конструкции теорија и примена во земјотресното инженерство Градежништво Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: 12822 Категорија

Динамика и конструкции теорија и примена во земјотресното инженерство

3990 ден

Нема на залиха

Нема на залиха ВО МОМЕНТОТ! Внеси email за известување за следна залиха.

Категории: Градежништво

Поврзани производи

No related in-stock products found

Дневна дампинг акција

Опис

Во последните години објавени се книги за земјотресното инженерство и динамиката на конструкциите, но оваа книга на професорот Анил К. Чопра ја пополнува празнината што постои меѓу книгите со основни содржини и оние книги за напредни постдипломски студии. Авторот е добро познат во областа на земјотресно инженерство и динамиката на конструкциите, а неговата книга ќе биде драгоцена за студентите не само во регионите со сеизмичка активност, туку и во другите делови од светот, затоа што сознанијата од динамиката на конструкциите се основа на современото инженерство. Во оваа книга обработени се содржини што ги опфаќаат осцилациите и динамиката на конструкциите и прикажана е примена од влијание на земјотресите. Материјалот во книгата е пренесен многу разбирливо, со многу решени илустративни примери, така што дури и студент на универзитет каде што не се нуди ваков предмет би можел да го проучува овој материјал во своето слободно време. Читателите што работат како инженери во практиката би требало да немаат проблеми при проучувањето на материјалот во книгата. Особено интересна карактеристика на книгата е примената на теоријата на динамиката на конструкциите за решавање важни проблеми при сеизмичкиот одговор и проектирањето на повеќекатните згради. Информациите претставени во оваа книга ќе бидат особено важни за оние инженери што се вклучени во асеизмичко проектирање и сакаат да го подобрат своето знаење во областа. И покрај тоа што материјалот во книгата е насочен кон земјотресното инженерство, претставените информации се, исто така, релевантни и за осцилациите на конструкциите предизвикани од ветер, како и влијанијата предизвикани од човекот, како оние предизвикани со механички чекани или со сообраќај на тешки моторни возила. Како учебник за осцилации и динамика на конструкции, оваа книга нема конкуренција и може да се препорача за сите сериозни студенти. 

 

Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.