Опис
Делириум (трилогија „Делириум“ I дел)
Што ако љубовта беше болест?
Велат дека лекот против љубовта ќе ме направи среќна и сигурна засекогаш. И им верував, сè досега. Сега сè се промени.
Влезете во светот каде што љубовта е забранета и прогласена за опасна болест – делириум, а владата на САД ги присилува сите што ќе наполнат 18 години да бидат подложени на интервенцијата. Лена Халовеј живее во ваквото сигурно и диригирано општество, со нетрпение очекувајќи го денот кога ќе биде излекувана и безбедна од делириумот што го уништи животот на нејзината мајка.
Но, 95 дена пред нејзиниот 18-ти роденден Лена го запознава Алекс, самоуверено и мистериозно момче кое доаѓа од Дивината и го претставува сето она од кое Лена досега стравувала… а од друга страна, секогаш кога ќе го сретне, нејзиното срце затреперува. Што ќе се случи ако таа се вљуби во него?
Моќниот дистописки роман на Лорен Оливер – „Делириум“ (првиот дел од трилогијата „Делириум“) претставува свет страшен како Орвеловата „1984“ и една забранета романса споредлива со онаа на Ромео и Јулија. „Делириум“ е најпродавана книга според „Њујорк тајмс“ и еден од стоте најдобри тинејџерски романи на сите времиња според Народната библиотека во Чикаго.
„Интелигентен, трогателен и неверојатно заразен“. – Heat