Даночно право Право Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: 1149 Категорија

Даночно право

1,990 ден

Време на достава: утре, 23.12.2024 по 16ч; Надвор од Скопје: од вторник, 24.12.2024 до среда, 25.12.2024 до 17ч

Категории: Право

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

Уште еден класик од колекцијата основно право. Автори се професорите Жан Жак Бјенвену од Универзитетот во Париз и Тјери Ламбер од Универзитетот „Пол Сезан“ во Марсеј. Книгата е поделена во два дела: фискална законитост и даночни шеми. Секој од деловите има по три поделби. Извори на даночното право, фискални операции и стандардизација на односот кон даночниот обврзник се во првиот дел и данок на приходи, оданочување трошоци и оданочување капитал и културно наследство се во вториот дел.
За подобро да ја доловиме содржината на првиот дел ќе го цитираме размислувањето на Женй: „Бидејќи даноците зависат од арбитрираната волја на суверената држава, која љубоморно го задржува правото да ги установи со формален закон, јасно е дека фискалната техника може да ги најде своите законски основи само во законски текстови или во регулаторни прописи креирани по уставен принцип и под услов да бидат легализирани формално“.
За подобро да ја доловиме содржината на вториот дел ќе го цитираме размислувањето на Тротаба: „Не може да има правна класификација заснована на општ надворешен критериум, кој го одразува распоредот на сите даночни шеми. Оттаму, секој концепт во даночното право важи само функционално“.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
publishing@arslamina.com.

Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.