Опис
Албер Ками е можеби најобожаваниот француски автор: неслучајно, неговиот „Странец“ ќе се најде на првото место на листата на 100 најдобри книги на векот според Le Monde. Во овој избор, Ками е претставен со уште еден свој познат роман-алегорија за Втората светска војна – „Чума“ – како и долгиот есеј „Побунетиот човек“, еден од неговите најкомплетни погледи на неговата философија на Бунтот и тивкото спротивставување.
Но покрај природен продолжеток на неговиот ран период, движењето од „Странецот“ кон „Чума“ и од „Митот за Сизиф“ кон „Побунетиот човек“, како што му вели и самиот Албер Ками на Ролан Барт во едно писмо од јануари 1955 година, е движење од „самотијата кон солидарноста“
Уште од романот Чума веќе „можеме да го замислиме Сизиф не само среќен (како што тврдеше Ками во Митот за Сизиф) туку и во бунт против сè што може да го скрши, да го задуши и да го расклопи сето она што е човечко.“