Опис
Дина и Додо ù помагаат на баба да направи ручек. А во првиот момент кога баба ќе излезе од кујната, Дина и Додо ги земаат работите во свои раце и… и готвењето се претвора во вистинска авантура!
Дина и Додо се братче и сестриче кои, како и сите деца, многу сакаат авантури. И тоа какви авантури! Во „Авантурите на Дина и Додо“ читаме приказни, решаваме загатки, учиме нови работи, мноооогу се смееме на глас, но и… раскажуваме свои приказни!
Секоја од приказните може да има различен крај! Како? Останува на нашите мили мали палавковци (оние слични на Дина и Додо) самите да го раскажат!