Борба против невработеноста: макроекономска анализа на центарот за европски политички студии Економија Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: 10607 Категорија

Борба против невработеноста: макроекономска анализа на центарот за европски политички студии

842 ден

Нарачај до 10ч, испорака до врата истиот ден. * вон Скопје + 1 ден

Категории: Економија

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

Ова издание на Центарот за европски политички студии содржи макроекономска анализа за проблемот со невработеноста во Европа. И покрај закрепнувањето на економијата, невработеноста сè уште е присутна со висок процент. Продискутирани се темите повразни со севкупната побарувачка и со флексибилноста на пазарот на трудот, создавањето капитал и организацијата на работното време за постигнување поделба на трудот.
Извештајот што е содржан во ова издание идентификува мешавина од макроекономски стратегии кои постепено може да го поттикнат производството и да ја вратат инфлацијата на ниво од 5%
, како што тоа беше случај во доцните 70-ти години на минатиот век. Покрај ригидните политики за борба против невработеноста, станува збор и за севкупната платна флексибилност и законските норми што важат за пазарот на трудот. Една од поинтересните теми е поделбата на работата како средство за промовирање на вработувањето. Оваа поделба се однесува на поефикасна распределба на постојните работни места меѓу веќе присутните на пазарот на трудот и новодојдените. Дадени се примери за неколку начини како може таа поделба да се реализира во практика преку размена на работни места меѓу работниците со различен старосен профил, преку поделба на работните места и размена на работните часови за одредено работно место.
Сите овие дискусии и заклучоци се средени во ова книга благодарение на уредниците Ричард Лејард, професор по економија, раководител на Центарот за економија на трудот при Лондонското училиште за економија и претседател на извршниот одбор на Институтот за вработување и Ларс Калмфорс, вонреден професор по економија при Институтот за меѓународни студии по економија на Универзитетот во Стокхолм, Шведска.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
ekonomija@arslamina.com.

 

Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.