Опис
Боговите се жедни – Анатол Франс
Еварист Гамлен е главниот лик на овој роман на Анатол Франс. Од страница во страница присуствуваме на метаморфозата на овој млад човек од срамежлив доблестен млад сликар, во неумолив џелат, кој како поротник на револуционерниот суд, целосно ќе ја изгуби смислата за право и правда. И самиот жртва на новата метафизика, тој убива во името на подоброто утре – треба да се сотре сета човечка коруптивност за да се изгради врз неа новото царство на Доблеста.
Во длабочините на изразот се крие една шареноликост на идеи што ни укажуваат во колкава мера јаснотијата, всушност, е еден комплексен феномен. Токму такво е и литературното дело на Анатол Франс – навидум толку едноставно, а, сепак, толку сложено, па следствено на тоа, и толку ценето, посебно од страна на француската читателска публика.
/