Опис
Бриџит Џонс, нашиот омилен лик и светски феномен, е повторно со нас, но  овој пат како трудница во романот „Бебето на Бриџит Џонс.“
Бриџит Џонс се наоѓа пред нејзината најважна животна улога. Во години е  кога сите отстрана и велат дека биолошкиот часовник отчукува и мора да роди  дете.
По низа смешни ситуации својствени само на неа, таа останува бремена –  но не баш како што си замислувала цел живот. Во текот на бременоста се соочува  со безброј сплетки, неверојатни моменти и хаос при прегледите на ултразвук и  вежбите за подготовка за породување, но никогаш не ја напушта желбата за печени  компири со ренданo сирење. А сепак, клучното и најнепријатно прашање што  станува белег целата бременост е – кој е таткото?
Бриџит не би била Бриџит ако не нè насмее до
солзи со сето она што и се  случува, сета романтика, радост и очај, каде што секогаш на крајот нештата  завршуваат на убав начин што предизвикува пријатни и позитивни чувства.
„Суштината на ликот на Бриџит Џонс е во јазот помеѓу она што би требало  да бидеме и она што навистина сме. Сега, во текот на бременоста полна со  изненадувања, Бриџит ја открива разликата помеѓу тоа каков живот очекуваме и  каков е животот во реалноста кога стануваме свесни дека ќе имаме бебе“, Хелен  Филдинг.























