Авиотранспорт и негова регулатива: студија за индустријата Право Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: 236 Категорија

Авиотранспорт и негова регулатива: студија за индустријата

990 ден

Нарачај до 10ч, испорака до врата истиот ден. * вон Скопје + 1 ден

Категории: Право

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

За добро да работиме во сегашноста и да сме подготвени за иднината, мора да ја познаваме историјата или народски кажано: како тоа се правело во минатото. Анализирајќи ја историјата, доаѓаме до заклучок како нештата се менувале до актуелниот момент, па следствено на тоа може да добиеме некаква слика за тоа што ќе се случува во иднината, а сето тоа ни дава предност во однос на конкуренцијата. Оној што сака да се здобие со таква предност во авиотранспортот, топло му ја препорачуваме оваа книга, во која се сублимирани сите факти од авиосообраќајот што се случиле во САД до средината на 1961 година.
Разработена е пазарната структура, јавното регулирање, управувањето со пазарот и неговите перформанси. Во првиот дел се истакнати економските елементи на пазарната структура. Понатаму се скицираат политиката на регулаторната комисија и нејзината подложност на административни проблеми и политички притисоци. Во еден момент, авторот анализира какви карактеристики би имал пазарот доколку го нема факторот регулатива. Во третиот дел се опишува шемата на пазарно однесување од страна на авиокомпаниите, политиката што ја водат главните превозници и ценовните движења. На крајот се сублимираат фактите и се нудат предлози за тоа како да биде сменета политиката на регулаторната комисија, со цел да се подобри работењето преку стандардизација.
Ричард Е. Кејвс
е професор по политичка економија на катедрата за економија при Универзитетот „Харвард“. Добитник е на многубројни награди и признанија. Учествувал како консултант во повеќе економски проекти. Има изработено повеќе студии и анализи за најразлични индустрии, меѓу кои и оваа за авиотранспортот.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
publishing@arslamina.com.

 

Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.