Архео-минералогија Геологија Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: 10532 Категорија

Архео-минералогија

1233 ден

⛱️ Колективен годишен одмор

Нарачките направени сега ќе бидат испорачани на 8ми ноември 2025 година

Категории: Геологија

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

Дадено е изобилство од информации корисни за минералозите, геолозите и за археолозите кои се дел од археометричките науки. Ова издание претставува современ и проширен поглед кон употребата на карпите и на минералите од времето на палеолитот па сè до 18 век. Направена е листа со повеќе од 1.000 референци, библиографија од дополнителни референци што не се вклучени во текстот, изобилство од цртежи и фотографии од целиот свет и преглед на придонесите што досега се направени во поглед на археомониралогијата. Многу скапоцена книга чија содржина е, речиси, енциклопедиска, базирана на долгогодишното искуство на авторот кој во секоја своја реченица дава по една нова информација.
Џорџ Рап е член на Универзитетскиот совет за геоархеологија и почесен професор на Универзитетот од Минесота. Својата академска кариера ја започнува како професор по минералогија, но подоцна во 1966 година се преориентирал на геоархеологија и на археолошките науки. Има работено во Грција, Кипар, Израел, Кина и во Северна Америка. Автор е или уредник на 17 книги и на повеќе од 100 стручни статии.
Во оваа своја книга ги има опфатено темите за својствата на минералите, експлоатацијата на карпите и на минералите, литичките материјали, скапоцените и церемонијални камења, меките камења и материјалите погодни за резба, металите и сродните руди, керамичките суровини, пигментите и колоритите, абразивите, школките, солите, разните геолошки суровини и материјалите за градба на споменици и на статуи.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на publishing@arslamina.com.

Palm Tree
Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.