Опис
„Ана Марија“ е дел од најпознатиот и најпродаваниот автобиографски
циклус на Лисјен Бодар, кој го комплетираат „Францускиот конзул“ и
„Синот на конзулот“, и низ кој авторот го исчитува своето специфично
минато растргнато меѓу Европа и Азија.
Главниот лик во романот е десетгодишно момче кое го дели името со авторот и кое, заедно со својата мајка, Ана Марија – со оправдување дека и премногу почнал да личи на Кинез – ја напушта Кина во потрага по софистицирана наобразба во Франција. Принуден да се прости од својата кинеска дадијарка и татко си Албер – кој останува да ја извршува функцијата конзул – Лисјен тргнува на едно патување што не може да се опише само со географски термини и во текот на кое, набрзо, почнува да ги открива сите лица на својата мајка и сите различни и противречни чувства кои секое од нив ги побудува во него.