Американски прирачник за клиничка медицина Медицина Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: 1068 Категорија

Американски прирачник за клиничка медицина

1,490 ден

Нарачај до 10ч, испорака до врата истиот ден. * вон Скопје + 1 ден

Категории: Медицина

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

Ова е медицинска книга со која се чувствувате информирани во секој дел од денот или од ноќта. Покриени се темите од интерна медицина и хирургија, со правилници за клинички менаџмент што се базираат на докази. Иако денес научните достигнувања во областа на медицината се движат напред со голема брзина, многу нешта што се суштински за умешноста во давањето грижа на пациентите останале исти. Овој прирачник ќе им биде од голема полза на сите лекари-практиканти и специјализанти. Додека се студира медицина, секој студент се соочува со ризикот да запамети и да обработи голем број информации. Покрај тоа, треба сиот тој материјал да го синтетизира и да го примени при неговата работа на различни одделенија. Затоа, овој прирачник секогаш ви е при рака за да го консултирате при разгледување на симптомите и на медицинските состојби кај пациентите.
Уредникот на ова издание е проф. д-р Џон А.Флин од одделот за интерна медицина при Универзитетот „Џон Хопкинс“. Тој, своето големо искуство, и како доктор и како едукатор, го пренесува во овој прирачник и со помош на своите колеги прави едно навистина вредно дело. Тоа изобилува со многу фотографии, дијаграми, примери и практични совети, подредени систематски и прегледно. Секоја потребна информација може многу бргу да се пронајде и да ве упати кон решение на дадената ситуација. Накратко кажано, овој прирачник мора да биде составен дел од опремата во секоја ординација.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
medicina@arslamina.com.

 

Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.