Опис
Оптимум Д3 1000 IU содржи витамин Д3 од природно потекло со одлична апсорпција. Претставува единствен диететски препарат на пазарот со доза на витамин Д3 која ги задоволува оптималните дневни потреби на препораките на Светската Здравствена организација. Витаминот Д и неговите активни метаболити и аналози претставуваат група на соединенија кои имаат бројни функции во организмот. Примарната улога на витаминот Д е во метаболизмот на калциум и фосфор. Индикации: остеопороза, остеопенија, рахитис, превенција (карцином на дојка, простата и дебело црево), зголемување на отпорноста на организмот, псоријаза, пациенти со кардиоваскуларни болести.