1001 ноќ Ѕвезди на светската книжевност Kiwi.mk
Share:
Deal

1001 ноќ

250 ден

Време на достава: утре, 26.12.2024 по 16ч; Надвор од Скопје: од петок, 27.12.2024 до сабота, 28.12.2024 до 17ч

Категории: Ѕвезди на светската книжевност

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

Египетскиот Нобеловец Нагиб Махфуз, во 1001 ноќ, се враќа на корените: одново преобмислувајќи ги приказните на Шехеразада, релативизирајќи ја границата меѓу бајколикото и стварното, потврдувајќи го, векови подоцна, рамковното начело на 1001 ноќ: моќта на приказната.
Играјќи си со две сопоставени традиции, Махфуз, од една страна, повремено до изедначување й се приближува на бајката, преку осмоза се полни со бајковита атмосфера и со ликови од сказните, дозволувајќи си, преку целосна совпадливост или макар само преку алузија, да ги повтори, да ги нагласи или да ги навести настаните од хипотекстот врз кој настанува и да се зацврсти како ефикасен и функционален хипертекст; недвосмислено јасна, нагласено транспарентна е евокацијата на неповторливиот арапски зборник на бајки, уште преку истоимениот наслов, како и преку осветлувањето на такви типични слики и симболи, како што се појавувањето на духови затворени во некој сад, потоа појавувањето на Синдбад морепловецот и, конечно, на самата Шехерезада. Од друга страна, пак, насетливи се и повикувањата на големите книжевни споменици од европската литература; така, на пример, договорот што го прави младиот Фадил со еден од лошите духови, прифаќајќи ја шапката на невидливоста, веднаш упатува на книжевна врска со мотивот на Фауст, а присуството на духовите и нивното влијание врз животот и врз судбините на луѓето е јасна алузија на Хомеровата Илијада, во која таква улога имаат боговите. Остава силен впечаток целосната променливост на положбата на поединецот, кој никако не може да биде спокоен и подолго време да се зацврсти во која и да е позиција. Брзо и лесно, како од шега, се минува од радост во тага, од добивка во загуба, од моќник во жртва.
Објавена седум години пред да ја добие Нобеловата награда, 1001 ноќ уште еднаш го потенцира пионерскиот излет на Махфуз меѓу арапските автори во водите на егзистенцијализмот, поставувајќи ги основните прашања пред кои е исправен човекот во сите времиња и на сите меридијани: љубовта, зависта, приврзаноста, неверството, верата, вербата, сомневањето, пријателството, патриотизмот, ахасферството и, пред сè и над сè – злосторството, искушението и покајувањето.
Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.