Опис
,,Тета Тула” е приказна за животот на Гертруда, која со текот на времето станува позната како тета Тула, и за жртвите што таа ги прави за време на животот за да го задоволи поривот на мајчинството.
Главната тема на ова дело е токму мајчинството, но изразено повеќезначно низ луцидната призма на Мигел де Унамуно, кој оваа тема ја разработува на мошне оригинален начин, задирајќи и во подлабоките слоеви на женската психологија.
,,Tета Тула” е еден од најпознатите романи на Унамуно.