Во весниците пишува сè… (а нешто и не) Попули Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: 11578 Категорија

Во весниците пишува сè… (а нешто и не)

425 ден

Време на достава: денес, 23.12.2024 по 16ч; Надвор од Скопје: од утре, 24.12.2024 до среда, 25.12.2024 до 17ч

Категории: Попули

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

На 10 октомври 1990 година, пред невладината Комисија за човекови права, едно петнасетгодишно девојче од Кувајт сведочи дека ирачките војници ги ваделе новороденчињата од инкубаторите и потоа ги оставале да умрат. Само во текот на следната недела, Џорџ Буш ја повторува приказната барем десет пати; американското јавно мислење за воена интервенција во Кувајт се менува преку ноќ. САД се вмешува во Ирачко-Кувајтскиот судир и почнува Заливската војна.
Во 1992 година се открива дека сведокот е, всушност, ќерка на кувајтскиот амбасадор во САД. Последиците од нејзиното ненавремено разоткривање: САД добива контрола врз кувајтските нафтени полиња, а Американците убиваат на ден повеќе бебиња отколку Ирачаните во текот на целиот судир. И да: Комисијата за човекови права сè уште е битен политички фактор.
Оваа книга се труди навреме да разоткрие и многу поголеми светски заговори од овој. За да се избегнат вакви последици. Повеќето од приказните во неа веќе ги имате прочитано. И мислите дека знаете сè. Сигурни сте? 
Крешимир Мишак, познатиот хрватски новинар и идеен творец на исклучително
популарното шоу „На работ на науката“ (Na rubu znanosti), не мисли така. „Во
весниците пишува сè“, вели. „Но потребно е да ги прочитате со вистинските очила.“
Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.