Опис
Оваа книга претставува внимателно осмислен, практичен водич низ процесот на успешно покренување и остварување раст на еден нов претприемачки субјект. За оваа цел, ви нудиме сеопфатна анализа на претприемачкиот процес. За вас, го моделираме овој процес во првото поглавје, а потоа ги применуваме компонентите на самиот модел за да ги оформиме преостанатите делови од книгата.
Поради значењето што го имаат, особен акцент посветуваме на почетоците на претприемачкиот процес – особено на препознавањето можности односно прилики и на анализата на изводливоста односно физибилитианализата. Ова го правиме бидејќи историјата покажува дека бројни претприемачки претпријатија се борат или пропаѓаат, не бидејќи нивните деловни сопственици не им биле посветени или не работеле напорно, туку бидејќи идејата што настојувале да ја пласираат на пазарот не претставувала основ за динамичен, успешен бизнис.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на publishing@arslamina.com.