Болести кај дивите животни: истражување и справување Ветерина Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: 202 Категорија

Болести кај дивите животни: истражување и справување

1,990 ден

Нарачај до 10ч, испорака до врата истиот ден. * вон Скопје + 1 ден

Категории: Ветерина

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

Авторот дал огромен придонес кон ова поле давајќи концептуална рамка за болестите кај дивиот свет и нивното истражување, притоа потенцирајќи ги несоодветностите што постојат. Гери А. Вобсер е професор по ветеринарна патологија на Западниот колеџ по ветерина при Универзитетот „Саскатчеван“, Канада. Тој е еден од основачите на Канадскиот центар за здравје на дивиот свет.
Болестите кај дивиот свет станаа мошне важни поради нивното с
# поголемо влијание врз здравјето на луѓето, дивиот свет воопшто и конзерваторската биологија. Ова дело нуди исцрпен преглед на досега достапните техники за истражување и за управување со болестите кај дивите животни. Дадени се многубројни илустрации со примери од целиот свет, со акцент на посебните барања и потреби при работењето со диви животни. Самите техники се оценети од страна на авторот со сите нивни предности и мани во поглед на нивната ефикасност и ефективност. Како биолог и ветеринар, Гери ни го пренесува низ целиот текст своето 40-годишно работно искуство со болестите на дивите животни.
Ова дело е наменето за биолози и за ветеринари, како и за сите други чинители што се јавуваат како фактор што има влијание врз успешноста во борбата со болестите што се јавуваат кај дивите животни. Еден од тие чинители се „специјалистите за болести кај дивите животни“. Тие треба да ги користат алатките од биомедицината во рамките на екологијата за да се разјасни како и зошто се појавуваат болести кај дивите популации во нивната природна средина и кога и како тоа може да се контролира.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
publishing@arslamina.com.

 

Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.