Училишна дидактика Педагогија Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: 13106 Категорија

Училишна дидактика

340 ден

Нема на залиха

Нема на залиха ВО МОМЕНТОТ! Внеси email за известување за следна залиха.

Категории: Педагогија

Поврзани производи

No related in-stock products found

Дневна дампинг акција

Опис

Модел на училишна дидактика од чии рамки се анализираат педагошките импликации на теоријата на учењето

Во оваа книга се претставува нова теорија за инструкциите – рефлексивна теорија на училишната дидактика – што на единствен начин ги инкорпорира континенталните германски и нордиски традиции на истражувањето на теоријата на дидактика (Didaktik) заедно со англо-американското истражување на поучувањето (истражување на инструкциите) и когнитивистичката теорија.

Училишната дидактика се дефинира како област на истражување во рамките на општото образование. Оваа област е ограничена на истражување и теорија со цел разбирање на педагошката практика што се одвива во јавните образовни средини водени од курикулумот за којшто се согласиле колективно. Бидејќи теоријата е направена да биде валидна за јавното образование во рамките на политички прифатениот курикулум, таа од аспект на културата е регионална теорија на образованието, а не универзална теорија.

Според оваа теорија за училиштето, фундаменталните својства на јавниот педагошки процес се состојат во намерен, интерактивен процес на поучување-проучување-учење, што е развиен и е сместен културно и историски. Сегашниот модел не ги поставува експлицитно целите, ниту, пак, средствата за образовната практика. Напротив, моделот ги истакнува наставникот и ученикот како рефлексивни и намерни субјекти каде што наставникот ја игра улогата на претставник на колективот, а истовремено и адвокат на тие што учат. Поради тоа, претставената теорија не е нормативна или прескриптивна, туку рефлексивна теорија.

Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.